March 28, 2024, 11:20 am

Лидepoт нa кocoвcкaтa oпoзициja Албин Курти пoзитивeн нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување (ВВ), поранешниот премиер на Косово Албин Курти по тестирањето информира дека е позитивен на Ковид-19.

Во објава преку својата страница на Фејсбук, Курти наведе дека имал лесни симптоми и дека наредните две недели ќе биде во самоизолација.

– Почитувани членови на Движењето и граѓани на Републиката. Завчера имав одредени симптоми: лесна главоболка, мала кашлица и болки и црвенило на очите. Вчера го извршив тестот за Ковид-19 и резултирав позитивен. Во наредните две недели ќе бидам во самоизолација, напиша 45 годишниот Курти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This