дома Магазин ЛИЛА СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА:”Од болница одев на снимања, тој ми забележа...

ЛИЛА СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА:”Од болница одев на снимања, тој ми забележа само за едно нешто”

Лила Филиповска денес е една од најуспешните водителки, а веќе шест години по ред може да ја гледаме во најпопуларното музичко шоу „Се или нешто“. Пред три и пол години Лила го изгуби својот татко кој почина од канцер, а и ден денес и е тешко да зборува за тоа.

Во интервју за Женски магазин, Лила првпат прозбори за загубата и што и забележал нејзиниот татко.

-Беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми забележа се моите два развода. Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себе си. Во секој случај беше моја голема поддршка. Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение – открива водителката.

Од болница одела на снимање и успеала да биде професионална и насмеана.