дома Македонија Лиле Стефанова: Не е точно дека во мојот дом е извршен претрес

Лиле Стефанова: Не е точно дека во мојот дом е извршен претрес

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, за „А1 он“ ги демантира написите во медиумите вечерва дека полицијата по налог на Обвинителството вечерва извршила претрес во нејзиниот дом.

„Tоа не е точно“, рече кратко Стефанова за „А1 он“. Од информациите што се познати досега во истрагата, одземен е компјутерот на синот на специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот телефон.