дома Македонија ЛИЛЈАНА КУЗМАНОВСКА: Вие ги влошувате економските услови во Македонија секоја година

ЛИЛЈАНА КУЗМАНОВСКА: Вие ги влошувате економските услови во Македонија секоја година

На денешната расправа на Комисијата за финансирање на буџет имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Кузмановска кажа дека буџетот не е економски оправдан и дека е непотребно напумпан. Таа истакна дека буџетот не е искрен и не е во функција на граѓаните. Понатаму пратеничката кажа дека Владата секоја година се повеќе ги влошува економските услови во земјата.

„ Заедно со вашата Влада ја водите економијата по најлош можен пат на економски план. Вие ги влошувате економските услови во Македонија секоја година. Не постои поцрно сценарио за економијата и за граѓаните во Република Македонија од ова. Буџетот не е економски оправдан и е неоправдано напумпан.“- кажа Кузмановска.

Пратеничката потенцираше дека на ваков начин при првиот ребаланс Владата ќе ги стопира сите капитални инвестиции што би било погубно за економијата.