дома КОВИД-19 (Коронавирус) Лилјана Поповска, кoaлициoнeн пapтнep нa Заев ce вakциниpaшe вo Србија

Лилјана Поповска, кoaлициoнeн пapтнep нa Заев ce вakциниpaшe вo Србија

Поранешната пратеничка и поранешен лидер на ДОМ, Лилјана Поповска преку совојата Фејсбук страница објави дека викендов се вакцинирала во соседна Србија.

-Викендов се вакциниравме во Србија и сме благодарни што сме поблиску до толку мечтаениот имунитет. Сакам сите македонски сограѓани да ја знаат оваа можност. Едноставно, дури и без закажување, одлично организирано, со краен професионализам и љубезност. Фала Ви, комшии! Овој гест ќе го помниме, пишува Поповска во својата објава.

Инаку, ДОМ е во коалиција со СДСМ и е дел од актуелната власт предводена од Зоран Заев.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.