дома Политика Лимани: Татко ми загина за Ахмети да може да се врати во...

Лимани: Татко ми загина за Ахмети да може да се врати во својата родна земја

езависниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани во вечерашното гостување на телевизија Алсат зборуваше и за својот однос со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е и негов роднина.

-Мене ми е убиен таткото во опсада, јас сум осуден на 15 години, за да го донесам Ахмети и неговото семејство назад во неговата родна земја, за да живее со семејството. Секогаш сум го сакал и го почитувал и сега, но би требало совеста да ме праша каде се моите деца, децата на сите кои се жртвуваа за да го вратат Ахмети и многу други во родната земја. Ние таа војна ја водевме за права, за да живееме подобро, и тој напор и жрвтување го дадовме за да живееме подобро со нашите семејства. А, денеска ни се случува овој егзодус и живееме без нашите деца, рече Лимани.