дома Занимливости Лице со ваков опис носи среќа: Кој прв ви влезе дома во...

Лице со ваков опис носи среќа: Кој прв ви влезе дома во новата година?

Постојат разни новогодишни верувања, па покрај црвените парчиња од гардаробата, за кои сите знаат, важно е кој прв ви влегува во домот по Нова година.

Се верува дека тоа треба да биде висок и згоден маж кој не доаѓа со празни раце.

Некои верувања пак велат дека е важно каква личност ќе ви дојде на гости за Божиќ- каква е личноста таква ќе ви биде годината.

Она што е уште поважно, е да не изнесувате ништо од домот бидејќи тоа претставува лоша среќа.

Бидете внимателни и немојте ништо да скршите во домот за време на празниците.

Јадете леќа која се смета за среќна храна, затоа што има иста форма како и паричките.