дома Сцена ЛОЗАНО РУШИ РЕКОРДИ НА ,,ЈУТУБ”: Не е лето, ако не извади...

ЛОЗАНО РУШИ РЕКОРДИ НА ,,ЈУТУБ”: Не е лето, ако не извади нова песна

Најновата песна насловена како “Не те вадам јас од памет”, на Влатко Лозаноски која од пред 3 дена е објавена на јутјуб каналот на пејачот, буквално руши рекорди.

За само 48 часа, песната има неверојатни над 155.000 прегледи, а бројката постојано расте.

Се работи за уште една прекрасна балада на Лозано која се слуша со полн здив.

Музиката и аранжманот за песната се дело на Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена.

Уживајте во продолжение: