дома Македонија ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈА: Право на глас има Груевски

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈА: Право на глас има Груевски

Во Унгарија денеска се одржуваат локални избори, на кои, опозицијата се надева на победа во Будимпешта, што би претставувало симболична победа за противниците на премиерот Виктор Орбан, кој во пролетта 2018 година, по третпат последователно победи на парламентарните избори.

Победа во Будимпешта би била првиот голем успех на левичарската опозиција во последните десет години.

Аналитичарите сметаат дека резултатите од локалните избори во Будимпешта се неизвесни, но очекуваат дека владејачката Фидес ќе ја задржи власта во поголем дел од Унгарија.

Независниот веб портал 24.hu јавува дека Никола Груевски се стекнал со право да гласа на локалните избори во Унгарија в недела.

„Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер“ , се вели во текстот објавен на 24.hu.