дома Локално ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ: Директорката на агенција за вработување во Делчево блокира улици и...

ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ: Директорката на агенција за вработување во Делчево блокира улици и никој не смее да ја казни

Црвената буржоазија на СДСМ повторно зема замав во државта во која секогаш кога наследниците на Комунистичката партија се на власт, за обичниот народ никој не се грижи, а личните интереси се пред држвните и партиските

Директорката на агенцијата за вработување во Делчево, Билајна Прачковска, буквално се однесува како шериф во градот. За неа не постојат правила, закони и прописи, а полицијата не смее да и пише казна за непрописно паркирање.

Како што може да се види од фотографијата, нејзиниот автомобил е паркиран и блокира цела едносмерна улица во Делчево.

Нејзиниот сопруг пак беше градоначалник на Делчево во времето на Бранко Црвенковски, а сега е директор на гимназијата во градот.

Обичните граѓани и членови на партијата се заборавени и оставени на работ на егзистенција.