дома Локално ЛОШИ ВЕСТИ ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ: Новиот правилник на град Скопје предвидува отстранување на...

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ: Новиот правилник на град Скопје предвидува отстранување на летните тераси пред кафулињата и рестораните

Лоши вести за кафанџиите доаѓаат денес од градот Скопје, откако на седница на советот на градот, а по предлог на градоначалникот Шилегов се донесе одлука за отстранување на сите времени објекти (тераси) на кафулињата и рестораните во градот Скопје

 

Имено, отсега па натаму, кафулињата и рестораните во Скопје нема да смеат да поставуваат платформи кои ќе бидат зацврстени за подлогата, туку ќе бидат монтажни и лесно отстранливи.

Се забранува и покривањето на страниците од настрешниците со најлон или стакло, па веќе станува и неоправдано поставувањето на тераси кои се користеа, најчесто во текот на зимскиот период, како места за гости кои поради законот за пушење, им е забрането да пушат во затворена просторија.

Според новиот правилник, отсега ќе може да се постават само платформи, монтажни и неприцврстени за подлога во висина од 15 цм, а минималната оддалеченост од тротоарот мора да биде 2.5 метри. Ова со други зборови значи дека кафанџиите ќе мора да ги отстранат сега поставените платформи и на нивно место единствено ќе може да постават чадори за заштита од сонце и атмосферски влијанија.