дома Религија ЛОШ ПРЕДЗНАК: Изостанокот на едно од најголемите чуда на христијанската црква, предвидува...

ЛОШ ПРЕДЗНАК: Изостанокот на едно од најголемите чуда на христијанската црква, предвидува несреќна година?!

Крвта на светиот Јануариј, кого го слават и православната и католичката црква од 1389 година, три пати годишно ја менува агрегатната состојба. Оваа година тоа не се случи.

Крвта на свештеномаченикот Јануариј, три пати годишно чудотворно преминува во течна состојба. Тоа необјаснето чудо прв пат се случило во 1389 година, и од тогаш се случува секоја година. Сепак, забележано е дека крвта која с ечува во ампули во Наполи, за време на церемонијата неколку пати веќе, не преминува во течна состојба по цели шест векови.

Свети Јануариј бил епископ во Италијанската Кампанија. За време на прогонот на христијаните, умрел во маченичка смрт. Откако е обезглавен, една побожна жена ја собрала неговата крв, која и денес привлекува илијадници верници во Наполската катедрала, каде крвта чудесно преминува во течна состојба цели шест векови. Оваа година, не.

Чудото изостанало во 1939 година и во 1940 година, години кои го обележале почетокот на Втората светска војна. Крвта не преминала во течна состојба ниту во 1943 година, кога Италија била под окупација на фашистите.

Погледнете го чудото: