Лукашенко го пpeдизвикyвa зaпaдниoт блeф

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако одлучи да го пресретне и пренасочи комерцијалниот авион на ЕУ со воен авион и да го уапси опозицискиот активист што беше во леталото, претседателот Александар Лукашенко од Белорусија го привлече гневот на Западот и заканите за економски санкции – дополнително изолирајќи ја источноевропската земја без излез на море.

Минатата среда, белорускиот моќник јасно стави до знаење дека сето тоа вредело да се направи. Говорејќи за прв пат по присилното слетување на летот 4978 на „Рајанер“ од Вилнус во Минск и притворите за блогерот Роман Проташевич и неговата руска девојка Софија Сапега, 66-годишниот поранешен шеф на земјоделска задруга предупреди дека е само „прашање на време“ пред да бидат фатени и другите неистомисленици во странство.

„Ве познаваме по изглед“, рече тој.

Силен дома

Лукашенко, кој управува со Белорусија 27 години, веќе е меѓународен отпадник, откако минатото лето прогласи победа на спорните избори и ги скрши мирните протести против неговиот режим.

Во вторникот, ЕУ ги забрани прелетите од Белорусија во воздушниот простор на Унијата и ги разгледува санкциите што можат да ги блокираат клучните сектори на нејзиниот извозен пазар. Бидејќи повеќето копнени граници се затворени и небото над земјата сега е празно, Белорусите немаат друг начин да заминат од земјата, освен преку Русија, која застана зад Лукашенко.

Но, пресретнувањето на авионот укажува дека и покрај меѓународниот притисок, по неколкумесечни разбивања на протестите, Лукашенко се чувствува силен дома, оценува Марија Рохава, истражувач на универзитетот во Осло.

„Фактот дека тие чувствуваат дека можат да извршат ваков вид грозоморен чин без да се плашат од последиците е знак дека се чувствуваат многу безбедно со поддршката од Русија, и во домашните состојби и заради недостатокот од веродостојна посветеност на ЕУ за наметнување на санкции што ќе му наштетат на режимот“, вели таа. „Во окружувањето во кое тие функционираат, пресметката за штетите не е дури ни дел од сложувалката.“

Заплашени протестанти

За краток момент минатиот август изгледаше како режимот на Лукашенко да е пред колапс. Стотици илјади луѓе излегуваа на улиците секоја недела да протестираат за изборниот резултат, додека работниците во една фабрика, за кои се мислеше дека се негова политичка база, гласно го исвиркаа Лукашенко кога дојде да им одржи говор.

Лукашенко цврсто се држеше до власта со засилување на контролата врз медиумите, испраќање на специјалната полиција насилно да ги растера протестите и апсејќи ги неистомислениците, од кои многумина велат дека биле измачувани во притвор. До зимата, неделните протести исчезнаа.

„Основните причини за протестите не исчезнаа. Поплаките се исти како и претходно“, вели Најџел Гулд-Дејвис, поранешен амбасадор на Велика Британија во Минск, а сега постар соработник на Меѓународниот институт за стратегиски студии. „Само што властите во моментов научија како да ги заплашат отворените и видливи манифестации на тоа незадоволство“.

Брутални притисоци

По апсењето на Проташевич, белоруските власти објавија видеа со блогерот како признава дека „организирање масовни нереди“, дело што предвидува казна затвор до 15 години. Таткото на Проташевич за „Ројтерс“ изјави дека носот на неговиот син бил скршен и дека тој верува дека признанието на вината е изнудено.

Светлана Тихановскаја, белорускиот опозициски лидер во егзил, објави на Твитер дека видеото од Проташевич и сличното објавено признание на Сапега се „застрашувачки“ и обид за „[тероризирање] на целата земја“.

Во средата, во очигледен обид за заплашување на политичките противници, белоруските власти објавија снимки, за кои се смета дека ги прикажуваат последните часови од животот на дисидентот Витолд Ашурак. На клипот беше прикажан активистот, кој почина на 21 мај од непознати причини, сам во затворската ќелија и не можејќи да застане, колабира двапати директно на лице.

Дмитриј Стаховски, 18-годишен сирак, изврши самоубиство во вторникот откако беше обвинет за слични злосторства како Проташевич, обвинувајќи на социјалните мрежи за „моралниот притисок“ од истражителите за својата смрт.

Несериозни санкции

„Тоа е логично продолжение на она што го видовме изминатите неколку месеци. Никој не ги запира репресиите, па тие продолжуваат“, вели Артјом Шрајбман, нерезидентен соработник во Центарот Карнеги во Москва, со седиште во Минск. „Општеството повторно не се бунтува, а новите санкции досега беа целосно несериозни. Па, зошто треба да запре?“

Апсењето на Проташевич означува ескалација на подготвеноста на Лукашенко да ги гони неистомислениците во странство, посочува Шрајбман. Руската ФСБ уапси две опозициски фигури во Москва и ги предаде на КБГ на Минск во април. Набргу потоа, врвен белоруски службеник за безбедност вети дека ќе ги „пронајде и исчисти“ одговорните за протестите во август.

ЕУ одби да ги признае изборите, откако Лукашенко тврдеше дека ја победил Тихановскаја, која избега во Литванија под притисок на КГБ. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја покани Тихановскаја да присуствува на самитот на Г7 следниот месец во Лондон, додека ЕУ ги разгледува економските санкции против белоруските компании и олигарсите од списокот составен од опозициски фигури.

Милијарди во руски заеми

Надежите за спогодба беа уништени поради постојаната поддршка на Русија за Лукашенко, кој тврди дека западните разузнувачки служби ја дестабилизираат Белорусија како проба за „хибридна војна“ против Москва.

Претседателот Владимир Путин ги стави на страна затегнатите лични односи со Лукашенко за да ѝ понуди на Белорусија милијарди долари руски заеми. Иако се верува дека Москва тивко се залага Лукашенко да се повлече од функцијата откако тој го одложи уставниот референдум што долго се најавува, постојаната поддршка на Кремлин е доволна за да го охрабри Лукашенко да го намали притисокот од Западот, според Шрајбман.

Напротив, санкциите на ЕУ можат да го „иритираат Лукашенко и тој може повеќе да ескалира“, оценува Шрајбман. „Нема шанси тој да го ублажи својот став, без вклучување на Русија во процесот, или доколку се зголемат трошоците на Русија. Бидејќи, засега Лукашенко се чувствува како Русија да му дава поддршка и тој прави сè што ќе посака.”

Преземено од slobodenpecat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This