Лукашенко му се зakaни на Западот: Воведете нови caнkции и ќе патувате преку Северниот пол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белорускиот претседател Александар Лукашенко му се закани на Западот да го ограничи транзитот низ Белорусија во случај на нови санкции против Минск.

„Ако извршите притисок co нови санкции – ќе ја заобиколувате Белорусија преку Северниот пол и Средоземното море. Засега, во услови на пандемија, ќе продолжиме да се однесуваме хумано во однос на транзит, движење на патнички и товарен сообраќај и така натаму“, рече Лукашенко, пренесува Белорусија денес.
Според шефот на Белорусија, санкциите немаат никаква врска со правниот систем.

„Примената на ограничувачки мерки како инструмент на притисок врз суверена држава е беззаконие и уцена на меѓународно ниво. Тоа е уцена која, да потсетам, е осудена во документите на ООН и другите меѓународни организации како неприфатлива мерка“, истакна Лукашенко.

Тој потсети дека пакетот санкции против Белорусија е воведен на денот на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна и го објасни потегот со зборовите дека Европа не се грижи за луѓето кои најмногу страдаа од варварските и нехумана инвазија на европскиот фашизам.

Како што рече, санкциите не беа воведени само против Минск. Тие беа воведени и против Руската Федерација, додаде тој и оцени дека приказната со неодамнешното слетување на авионот во Минск е само формална причина за санкции.

По претседателските избори на 9 август 2020 година, во Белорусија започнаа масовни протести на опозицијата. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановска. Покрај тоа, се одржуваат митинзи на приврзаниците на Лукашенко, чија инаугурација беше одржана на 23 септември.

Односите на Белорусија со западните земји нагло се влошија по претседателските избори. Европската унија не ги признаваше изборите за слободни и демократски, ниту Александар Лукашенко за избран претседател. Европската унија, Велика Британија, САД и Канада воведоа санкции против голем број белоруски функционери, како и компании поврзани со сегашните белоруски власти. Овие санкции подоцна беа продолжени.

Санкциите ги поддржа и Република Македонија во знак на солидарност со Европската унија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This