дома Европа Лукашенко нeмa да мoлчи: Белорусија подготвува одговор на caнkциите на Западот

Лукашенко нeмa да мoлчи: Белорусија подготвува одговор на caнkциите на Западот

Санкциите на Западот против Белорусија нема да останат без одговор, рече премиерот Роман Головченко, додавајќи дека владата избира најадекватни одмазднички мерки.

„Ние предупредивме дека санкциите нема да останат без одговор. Релевантните служби сега го проучуваат текстот на санкциите. Избираме најсоодветни мерки за одговор од опсегот што го имаме и што им го посочивме на нашите партнери. Мислам дека не е далеку времето кога ќе донесеме одлуки“, рече Головченко.
Тој истакна дека земјата има доволно ресурси и резерви за да може да живее во услови на санкции. Ситуацијата не предизвикува паника, рече премиерот.

Да потсетиме, Европската унија го воведе четвртиот пакет санкции против Белорусија, проширувајќи го списокот на санкции на уште 78 лица и осум организации.

Шефот на европската дипломатија, Хосеп Бореj, не го исклучи воведувањето на петтиот пакет санкции.

Покрај тоа, Канада воведе санкции против 17 физички лица и пет компании, Велика Британија против две компании и 11 физички лица, а Министерството за финансии на САД додаде уште 16 лица и пет организации на списокот со санкции.

Кон санкциите, во знак на солидарност се приклучи и Македонија