Лукашенко обвинyвa: Литванија фpла тeла на мигpaнти на границата меѓу двете земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги обвини литванските власти дека фрлаат тела на мигранти на границата меѓу двете земји, меѓу кои растат тензиите поради мигрантското прашање.

Лукашенко, исто така, предупреди дека Белорусија цврсто ќе застане зад својот сојузник Русија доколку украинските власти започнат офанзива против бунтовниците во источна Украина, поддржани од Москва.

На средбата со највисоките претставници на белоруската армија, Лукашенко рече дека граничарите пронашле тела на двајца мигранти оставени на границата во текот на викендот.

„Во вреќа за спиење ставија тело, или веројатно човек кој е сè уште жив, и го фрлија на граница. Каква одвратност“, извика Лукашенко.

Литванските граничари го отфрлија тврдењето на Лукашенко, наведувајќи дека белоруските власти постојано се обидувале да исценираат тепање, осакатување или смрт на мигранти и да ја обвинат Литванија за таквиот нехуман третман.

Европската унија го обвинува Лукашенко за хибриден напад врз тој блок од 27 земји, односно дека ги охрабрува мигрантите да се преселат од Белорусија во членките на ЕУ, Полска и Литванија. Брисел тврди дека тоа е одмазда на Лукашенко за санкциите што Унијата му ги воведе поради минатогодишната репресија на антивладините демонстранти.

Властите на Белорусија ги отфрлаат тие обвинувања и возвраќаат со тврдења дека ЕУ не им обезбедила безбеден премин на мигрантите, пренесува Бета.

Поголема група мигранти, главно ирачки Курди, се заглавени во Белорусија од 8 ноември на граничниот премин со Полска. Повеќето од овие мигранти избегаа од конфликтот или безнадежноста дома и сакаат да стигнат до Германија или други западноевропски земји.

Лукашенко ја обвинува Полска и другите западни земји за поттикнување тензии околу мигрантите како дел од повеќекратната хибридна војна против Белорусија и нејзиниот сојузник Русија.

Тој им нареди на воените службеници да ја подигнат подготвеноста на војниците, со оглед на маневрите на НАТО во близина на белоруските граници.

Белорускиот лидер ја отфрли можноста дека има наводни руски планови за напад на Украина, за што стравува Западот, велејќи дека Москва ќе го информира дека има такви намери.

Сепак, Лукашенко ги предупреди украинските власти дека Белорусија цврсто ќе застане со Русија доколку Киев се обиде да употреби сила за да ја врати контролата врз областите контролирани од проруските сепаратисти во источна Украина, познати како Донбас.

„Ако се обидат да започнат мала војна во Донбас или некаде на границата со Русија, Белорусија нема да остане настрана и јасно е на чија страна ќе заземе. Тие го разбираат тоа и затоа почнаа да ги зајакнуваат силите на украинската граница со Белорусија, иако нема причина за тоа“, рече Лукашенко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This