дома Европа Лукашенко се закани со прекин на транзитот на гас за Европа

Лукашенко се закани со прекин на транзитот на гас за Европа

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата би можела да го прекине транзитот на гас за Европа доколку западните санкции го доведат Минск во вонредна состојба и ако не постои друг начин да се одговори.

– Доколку санкциите кои тие ги воведуваат или ќе ги воведат, во иднина нè доведат до вонредна состојба и ако немаме излез да одговориме со други мерки на тие санкции, тогаш ќе ја искористиме и таа остра мерка, истакна Лукашенко во интервју за турската РТВ ТРТ.