дома Храна Луто пилешко со кари – Евтин ручек за половина час

Луто пилешко со кари – Евтин ручек за половина час

Ручек за малку пари со супер арома.

СОСТОЈКИ:

1 поголемо пилешко филе

1 праз

100 мл. павлака за готвење

1 лажица кари

1 лажиче лут чили прав

сол, бибер и масло

ПОДГОТОВКА:
Се мие и сече празот на кругови и се сече и месото.

Се пржи празот на масло неколку минути и се додава месото сечено на парченца.

Се става пола шолја вода.

Се додаваат кари и чили и се меша.

Се додава сол и бибер по вкус.

Се додава откако ќе крчка малку уште пола шолја вода и павлаката.

Се крчка и се служи со компир или ориз.

Добар апетит!