дома Локално ЛУЃЕТО ПОЧНАА САМИ ДА СИ ГИ КРПАТ УЛИЦИТЕ: Очај кај граѓаните –...

ЛУЃЕТО ПОЧНАА САМИ ДА СИ ГИ КРПАТ УЛИЦИТЕ: Очај кај граѓаните – жителите на Делчево сами си ги крпат дупките на улиците, градоначалникот го нема!

На социјалната мрежа фејсбук во текот на денот на приватен профил јавно се појавија фотографии на кои се гледа како самите жители на градот од немајкаде со сопствени сили и материјални сретства крпат ударни дупки по распаднатите улици.

„#milkovobrdo bravo za nasata Општина Делчево bravo za celio sovet vo opstinata
Dojde zivot. dojde red nie gragjanit da gi sanirame dupkite po ulicite Na #SevernaMakedonija“ -стои во текстот со кој се објавени фотографиите.

Во минатите години редовна пракса на општинските власти беше активноста за годишно крпење на ударните дупки по улиците на градот кои се под надележност на општината.
Досега во текот на оваа 2018 година ваква активност не е реализирана од страна на општина Делчево и нема никаква најава за нејзино реализирање во јавноста.
Останува да видиме дали граѓаните кои имаат вакви и слични проблеми во своето секојдневие ќе мора сами да се снаоѓаат во иднина како овие делчевчани.