дома Балкан Лaжна тревога: ЕМСЦ објави дека Црна Гора ја погодил земјотрес од 4,5...

Лaжна тревога: ЕМСЦ објави дека Црна Гора ја погодил земјотрес од 4,5 степени, па се извини

Пред малку ЕМСЦ објави дека бил регистриран силен земјотрес во Црна Гора со јачина од 4,5 степени според рихтеровата скала. Според првичното соопштение, земјотресот се случил на 1,5км од Подгорица.

Кратко потоа соопштението беше повлечено и беше објавено извинување на направената грешка.

Засега не е познато како дошло до ваква грешка.