Лaжнa трeвoга: Дoцнeла за лeтот па измислила дека има бoмбa во авиoнот – сега е во зaтвoр

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена од Чикаго е уапсена на аеродромот во Флорида откако кренала лажна тревога дека има бомба во авионот, објавија властите.

Марина Вербитски (46) била уапсена во понеделникот наутро на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл, објави локалниот шериф.

Вербицки им кажала на вработените дека имало бомба во нивниот багаж, кој веќе бил во авионот, бидејќи и било кажано дека не може да се качи бидејќи дошла доцна.

Таа веднаш била уапсена и авионот што се подготвувал за полетување бил запрен, а патниците биле евакуирани.

Деталниот преглед на авионот утврдил дека предупредувањето е лажно.

Вербитски била приведен и пријавена за лажно заканување со бомба, експлозив или оружје за масовно уништување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This