дома Балкан Лeкapитe вo Србија пpeдyпpeдeни? – чeтвpтиoт бpaн нa кopoнaвиpyc ce очeкyвa кoн...

Лeкapитe вo Србија пpeдyпpeдeни? – чeтвpтиoт бpaн нa кopoнaвиpyc ce очeкyвa кoн кpajoт нa aвгycт

Во Србија изминатите денови почнува да се зборува дека на лекарите кои работат во белградските болници им било наредено да ги користат годишните годишни одмори до 15 август, пишуваат српските медиуми.

Според српски блиц им било наредено да го сторат тоа со цел да бидат достапни за можна прераспределба од страна на болниците во Ковид центрите. Според прогнозите на епидемолозите пак, на крајот на август, нов, четврти бран на корона вирус може да пристигне во Србија.

Без оглед на ваквите прогнози, надлежните велат дека нема простор за паника.

Најновите податоци покажуваат дека Србија сè уште е далеку од стекнување колективен имунитет, бидејќи до 13 јули, само 49 проценти од возрасната популација ги примила двете дози на вакцината.