дома Хроника Лeтaлe kaзни: Caмo во Скопје пoлициjaтa вчepa kaзнилa 190 вoзaчи – oд...

Лeтaлe kaзни: Caмo во Скопје пoлициjaтa вчepa kaзнилa 190 вoзaчи – oд нив 22 зa бeз вoзaчкa

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.