Лekoт Мoлнyпиpaвиp нaдeж зa cпpeчyвaњe нa paзмнoжyвaњeто на кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие пилули се надеж за заразените од Ковид-19. Фармацевтската компанија Мерк соопшти дека нивниот лек Молнупиравир го спречува размножувањето на корона вирусот.

Клиничките испитувања покажуваат дека, доколку рано се започне со третманот, ризикот за хоспитализација или смртен исход се преполовува.

Може да појдат во аптека и да го земат лекот како што земаат и други лекови.

Доколку Администрацијата за храна и лекови го прифати барањето на Мерк за итно одобрување, пилулите може да бидат достапни во САД пред крајот на годината. Компанијата планира да побара слични одобрувања и во други земји.

Соединетите Држави веќе имаат направено преднарачка за 1.7 милиони пакувања.

Но, финансирањето и дистрибуцијата на овој лек, како и на другите терапии, како вакцините, останува предизвик за сиромашните земји.

За да помогне во побрза дистрибуција на овој лек низ целиот свет, Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс ќе вложи 120 милиони долари.

Треба да бидеме сериозни, ова е светски проблем кој бара светски решенија. Мислам дека ако речете никој не е безбеден додека сите не се безбедни, тоа е вистината.

д-р Кејлеб Хернандез е вклучен во клинички испитувања за нови терапии за Ковид. Тој вели дека, покрај пилулите од Мерк, се проучуваат уште три други терапии но дека компаниите кои ги креирале немаат доволно средства за да побараат итно одобрување од Агенцијата за храна и лекови.

Нашата влада не е подготвена да потроши 500 илјади долари за овие испитувања. Се потпираме на приватни компании кои треба да ги достават податоците. Затоа не гледате толку иновации колку би требало.

Од друга страна постои загриженост дека луѓето ќе почнат да се потпираат само на новите терапии и нема да сакаат да се вакцинираат. Експертите велат дека имунизацијата е важна зашто ја намалува преносливоста на вирусот.

Тие може да спречат да се заразите со Ковид, ние сакаме да ги превенираме инфекциите, не само да ги третираме откако ќе настанат.

Пандемијата досега резултираше со пет милиони починати во светот, од нив речиси 740 илјади се во Соединетите Држави. Во главниот град беше поставена уметничка инсталација која им оддава почит на жртвите – по едно бело знаме за секој загубен живот.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This