дома Актуелно „Лoкaл патpиoтoт“ Заев кој што неговото родно Муртино не го среди во...

„Лoкaл патpиoтoт“ Заев кој што неговото родно Муртино не го среди во 18 години не може да ни ја oпpaви државата

Човек кој што 18 години бил на власт, локална и централна, и кој од уста не го вади и кој што е горд со своето родно село Муртино, и не направил ништо за да го среди не може да ни ја оправа државата. Ова го истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Никососки, кој е и носител на Изборна единица 4 на средба со граѓаните на Валандово.

Тој потенцираше дека од почетокот на кампањата ги посети сите населени места во четвортаа Изборна единица и рече дека е запрепастен од сликата што ја виде од село Муртино кој што родно место на неговиот опонент од единицата, Зоаран Заев.
Николоски истакна дека во Муртино сеуште нема канализација и дека фекалите, летниот период, се излеваат во два големи канали, од кои што се шири ужасна миризба и кои го загрозуваат здравјето на локалното население.

– Овој големиот локал патриот од уста не го вади тоа негово Муртино. Не знам дали сте биле во Муртино, но јас бев и ќе ви кажам како изгледа. Има една улица како оваа тука, од лева страна од улицита е ископан канал огромен, од десна страна ископан уште еден канал. Канализацијата тече во отворени канали. Секое лето луѓето се заболуваат од фекалиите кои што течат по тие канали, а секој поголем дожд се поплавуваат. И си велам, па овој дома не си средил во 18 години, една канализација не направил по една цевка да стави и лево и десно, но ако не ништо друго да не му мириса и да не се разболуваат родителите негови кога ќе отидат таму, ние чекаме ќе ја оправал државата, рече Николоски.
Е со таков „локал патриот“ си имаме работа, додаде Николоски и порача дека затоа, овие избори мора да го победат.

Тој констатираше дека човек кој што е недомаќин дома, ќе е недомаќин, и како што се покажа дека е и за цела држава, затоа на 15 јули сите масовно да излеземе и да го поразиме.