дома Хроника Лyдилото може да започне: Кандидат за советник од власта kинeл плакати на...

Лyдилото може да започне: Кандидат за советник од власта kинeл плакати на опозицијата

На 05.10.2021 околу 22.40 часот на ул.„Ѓоре Органџиев“ во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н.(25) и Љ.П.(34), двајцата од Велес, затоа што биле забележани додека кинеле плакати на кандидат за градоначалник на Велес.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на
случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во периодот 06/07.10.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се четири лица на подрачјето на СВР Велес, од кои две во Велес и две во Неготино и против нив се поднесени соодветни поднесоци.

Според нашите информации лицето Б.Н е кандидат за советник за општина Велес од коалицијата на СДСМ.

Погледнете ја листата: