дома Европа Лyкашенко: Претседател не се станува, претседател се раѓа

Лyкашенко: Претседател не се станува, претседател се раѓа

Во Минск е отворена продавница каде што можете да купите маици и дуксери со популарни цитати од претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Продавницата „Први“ денеска започна со работа во еден од најголемите трговски центри во Минск, кој се наоѓа спроти резиденцијата на белорускиот претседател – Палатата на независноста.
Пред продавницата се собрале околу 50 луѓе, а првиот муштерија на подарок добил чоколадо „Претседател“.

Облеката е во основни тонови – црно-бела и произведена во белоруски компании. Цените се релативно прифатливи, маица чини осум долари, а дуксер 16-18 долари .

На отворањето на продавницата присуствуваа државни функционери меѓу кои министерот за информации, помошникот на претседателот, како и претставници од бизнисот.
Идејата да се стават слоганите на Лукашенко на неговата облека дојде од новинарите кои претходно на претседателот Лукашенко му подарија маици со негови цитати.
Најголем интерес предизвика маичката со натписи „Нема да ја дадам мојата сакана“, „Факти на маса“ и „ Претседател не се станува, претседател се раѓа“.