дома Актуелно ФРЛАЛ СО БЕКАТОН ПЛОЧКА ПО ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА : Скршено е прозорско...

ФРЛАЛ СО БЕКАТОН ПЛОЧКА ПО ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА : Скршено е прозорско стакло

Скршено е прозорско стакло  на зградата на Владата од страна на непознат напаѓач, информира денеска полицијата.

Според соопштението, напаѓачот фрлил бекатон плочка кон објектот и погодил еден од прозорците. Случајот е пријавен во полиција од страна на обезбедувањето на владината зграда вчера во 22.50 часот. Сторителот потоа побегнал во непознат правец, поради што не е познат неговиот идентитет.

Полицијата информира дека местото е фотографирано и дека работат на пронаоѓање на сторителот.