дома Временска Прогноза Магливо утро, денот сончев со температура до 18 степени

Магливо утро, денот сончев со температура до 18 степени

Во утринските часови по котлините долж Повардарието ќе биде магливо, а околу пладне и рано попладне маглата ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 9 до 18 степени.

Во Скопје, магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе намали. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.