дома Свет МАДУРО ДО ТРАМП: Тргни ги рацете од Венецуела, ти си одговорен за...

МАДУРО ДО ТРАМП: Тргни ги рацете од Венецуела, ти си одговорен за кое било нacилcтво кое може да се случи во Венецуела

Се уште официјалниот претседател на Венецуела Николас Мадуро ги обвини САД за обид за државен удap во таа земја, пренесуваат агенциите.

Тој предупреди дека Каракас ги прекинува дипломатските односи со Вашингтон, им нареди на американските дипломати да ја напуштат Венецуела, а на претседателот Доналд Трамп му се обрати на англиски јазик: „рацете подалеку од Венецуела“.

Мадуро одржа говор пред венецуелските дипломати кои неодамна се вратија од Соединетите држави.

Иако зборуваше на шпански, една реченица кажа и на англиски јазик, за американскиот колега да може да го разбере.

-Трамп, ти си одговорен за кое било нacилcтво кое може да се случи во Венецуела, тоа е твоја одговорност. Kpвта која би можела да биде пpoлеана во Венецуела е на твоите раце, претседателе Трамп, порача Мадуро.

Тој го нарече Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела, „американска марионета“.