дома Балкан Маж влетал со ceкиpa во дaнoчнa cлyжбa во грчкиот град Козани и...

Маж влетал со ceкиpa во дaнoчнa cлyжбa во грчкиот град Козани и пoвpeдил три лицa

Од засега непознати причини, во даночната служба во грчкиот град Козани, влетал маж и со секира им нанел повреди на тројца службеници, додека пак една жена се повредила во обид да избега, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, мажот на возраст од околу 45 години влегол регуларно, оставајќи ги неговите податоци, се качил на вториот кат, каде што ја извадил секирата што ја носел во ќеса и започнал да ги напаѓа службениците.

Полицијата го уапсила сторителот, а хоспитализиран се четири лица, тројца повредени во нападот, од кои еден е во сериозна состојба и една жена која паднала по скали во обид да избега.