Македонец и Русин ocyдeни на зaтвop во САД поради организирање на cajбер-kpиминaлнa мрежа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден Русин и еден Македонец се осудени во петокот во САД на затворски казни поради нивната улога во голема сајберкриминална операција, информира „Москоу Тајмс“.

Сергеј Медведев, 33, од Русија и Марко Леопард, 31, од Македонија, се осудени на 10, односно пет години затворска казна, информира Департманот за правда на САД.

Двајцата претходно се изјасниле за виновни по обвиението за криминален заговор во федералниот суд во Невада.

Медведев бил уапсен во Тајланд во 2018.година, е ко-основач на „Нечесната Организација“, интернет продавница за фалсификувани документи, украдени банкарски сметки и податоци од кредитни картички, украдени документи за идентификација“, велат властите.

Под слоганот „Во измамата веруваме“, мрежата – која брои повеќе од 10.000 членови, е една од најчестите места за набавка на вакви „продукти“.

Леопард се приклучил кон мрежата во 2011 година и служел како хостер на страници на членови на мрежата кои сакале да продаваат нелегални добра и услуги онлајн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This