дома Хроника МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Баран за убиство, уапсен кај граничниот...

МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Баран за убиство, уапсен кај граничниот премин Увац

Службениците на Единицата за гранична полиција Вишеград вчера во БиХ го привеле 43-годишниот Н.Б., државјанин на Република Македонија, поради кривично дело „убиство“, соопшти граничната полиција.

Тој бил задржан при контрола при обид за влез во Босна и Херцеговина на меѓународниот граничен премин „Увац“. Тој денеска ќе биде предаден на надлежните органи. (МИА)