Обидите за усвојување на заклучок за МК и АЛ на Советот на ЕУ вчера траеле до 1:30, но без kонсензус. Најмногу се дискутирало околу опцијата “Советот ќе се наврати на одлуката за датумот во текот на ХР претседателство”, но после долги и жолчни дискусии сепак без успех.
Заклучоци за МК и АЛ не се усвоени. Советот усвоил само заеднички заклучоци за Турција (Сирија). Неколку членки предложиле обидите да продолжат и денес, но и околу тоа имало различни позиции, па според дипломатски извори можно е денес воопшто и да не се дискутира на темата заклучоци за Македонија и Албанија, бидејќи на ред е нaјтешката тема за земјите членки, реформи и повеќе пари за буџетот на ЕУ.