дома Актуелно Македонија доби вeтo: 3aeв обвинyвa дека Бугарија го пpeкршила Договорот за добрососедство

Македонија доби вeтo: 3aeв обвинyвa дека Бугарија го пpeкршила Договорот за добрососедство

Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот за доборососедство и ја даде првата блокада за преговарачката рамка за Макеоднија во Европката унија, објави премиерот Зоран Заев. Ова се сличило на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел. Но, Заев вели дека ова не значи и конечно вето од страна на официјална Софија бидејки следуваат уште два вакви состаноци, додека пак, министерскиот состанок на ЕУ (ГАК) е одложен од 10 за 17 ноември.

– Имаме време, ГАК е на 17 ноември, следуваат уште два состаноци, не е се изгубено. Следува и берлинскиот процес, се надевам дека ако бугарскиот премиер Борисов е во добро здравје ќе се видиме и ќе поразговараме на оваа тема, ако не ќе се видиме онлајн, Има и интензивна комуникација преку министерствата за надворешни работи и верувам дека ќе се изнајде креативно решение – рече Заев.

При тоа тој појасни дека од страна на Македонија не бил прекршена ни еднаодредба од Договорот за добрососедство, и нагласи дека нема да има никаков анкес на договорот.