Македонија е единствена земја каде во исто време се прогласени три различни kpизни состојби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вторникот имавме расправа на Комисијата одбрана и безбедност токму по тие три точки за коишто и денеска ќе расправаме на пленарната седница, а тоа се точките за продолжување на кризните состојби во однос на пандемијата, на мигрантската криза и сега најсвежо енергетската криза. Мислам дека сме единствена земја во светот пример каде што во исто време расправаме за продолжување на три кризни состојби каде што самото по себе како факт говори за тоа за каква власт станува збор, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во вестите на Алфа телевизија.

Стојаноска посочи дека во завршената амандманска расправа за Буџетот во комисијата за финансирање и Буџет, поднеле пет амандмани коишто се однесуваат за подобрување или некаква изнаоѓање на помош за токму за енергетската криза, но за жал, ниту еден не беше прифатен освен оној со кој барале сума од милијарда денари за набавка на фотоволтаични панели како би можеле граѓаните да се снабдат со електрична енергија,

„Но комисиски го изменија овој амандман и го одобрија наместо една милијарда денари само 30 милиони денари“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноска додаде дека никаде не се гледа дека ќе има одговорност од АД ЕЛЕМ што во ваква ситуација се наоѓа државата.

„Власта е во еуфорија дека обезбедила некакво стабилно мнозинство, дури и денес можевме на Пленарната седница при усвојување на Дневниот ред да видиме како претседателот ги опоменува со чукање на картичката во микрофон, присутното нели стабилно мнозинство да се сконцентрираат и да гласаат за да можат да пребројат 61 пратеник како би им поминала точката на Дневниот ред. Така да јас да сум на нивно место би била загрижена со она со што се фалат. Бидејќи ја доведоа државата во тешка кризна состојба и сега се нафаќаат нели да продолжат со менаџирање со состојба со која што тие направија кризна состојба и тешко дека тие би биле решение на оваа криза. Решението наше ние го кажавме, а тоа се само исклучиво брзи предвремени избори“, нагласи Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This