дома Македонија Македонија е најзагадената земја во Европа

Македонија е најзагадената земја во Европа

СКОПЈЕ – Македонија е на врвот на листата на земји во Европа со најзагаден воздух, покажа извештајот на Европската агенција за животна средина.

Македонија е рангирана како најзагадена земја во Европа со загадување до 10 пати повеќе од препорачаното ниво.

“Густиот сообраќај и употребата на печки за горење и фосилни горива предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот, а се повеќе и повеќе луѓе бараат медицинска нега”, објави Јуроњус.

Оваа телевизиска мрежа забележува дека Владата на Македонија направи амбициозен план за подобрување на квалитетот на воздухот за 50 отсто во текот на следните две години.