дома Политика МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ШАМПИОНИ: Македонија ќе биде држава која ќе освојува медали...

МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ШАМПИОНИ: Македонија ќе биде држава која ќе освојува медали на европските, светски првенства како и на олимписките игри!

Македонија ќе биде онаа држава која ќе освојува медали на европските и светски првенства и олимпијадите е нашата цел, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната Конвенција насловена како „Нова Ера“.

-По инвестициите во спортската инфраструктура наш следен приоритет е инвестиција и подобрување на статусот и можностите на спортските работници, нивна континуирана едукација, затоа што тие се клучни за развој и на масовниот и на врвниот спорт. Добро стимулирани и високо мотивирани спортски тренери, спортски работници и наставници може правилно да ги детектираат потенцијалите на поединецот и да го трасираат патот на иден освојувач на медали на големите натпреварувања, вели Груевски.


Тој потенцираше дека посебна стимулација на врвните спортисти и обезбедување на модерни услови за тренажен и подготвителен процес ќе се реализира преку посебни програми, со силна подршка на државата.