Македонија и Аргентина ќe ja paзвивaaт тpгoвcкaтa paзмeнa нa зeмjoдeлcки и пpeхpaнбeни пpoизвoди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досегашната соработка и можностите за унапредување особено во делот на агросекторот, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со амбасадотор на Република Аргентина, Алфредо Атанасов.

Како што соопшти Министерствтото за земјоделство, шумарство и водостопанство, заеднички заклучок е дека двете земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната. За таа цел, договорено е во најскоро време да се потпишат меморандуми за билатерална соработка во областа на трговската размена особено на земјоделски и прехранбени производи.

Досегашниот извоз на наши производи кон оваа пријателска земја не го исполнува максималниот потенцијал и има капацитет за висок раст, особено во делот на органски производи. Во следниот период, ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар, а постои голем интерес – се наведува во соопштението.

Министерот Хоџа и амбасадорот Атанасов се согласиле дека и нашиот пазар е добар потенцијал за аргентинските производи особено во делот на земјоделска механизација и производи од риба и месо.

Со заедничка иницијатива за продлабочување на соработката, ќе се формираат и работни групи од двете страни кои ќе направат детална анализа точно на кои земјоделски и прехранбени производи ќе се стави фокус за зголемување на трговската размена, бидејќи и двете земји имаат производство кое е извозно ориентирано, а пазарите се компатибилни. Целта е да го зголемиме и извозот и увозот и да работиме во интерес на двете земји – се наведува во соопштението.

Како што велат од Министерствтото за земјоделство, шумарство и водостопанство, тоа е мотив да ја интензивираат соработката со оваа пријателска земја, што ќе придонесе кон вкупниот економски раст на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This