МАКЕДОНИЈА И СИРИЈА СЕ ПОВРЗАНИ: Заев е само средство, целта е тенкови на НАТО во Вардарската долина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеското и руско глобално водство базирано на развој и мирна коегзистенција доаѓаат на Балканот и се наоѓаат пред најсериозен испит.
„Врвната вештина се состои на рушење на непријателскиот отпор без борба“ – пишува Иван Ристиќ за Кремлин.рс

bTR_Sirija

Транспортните коридори се `рбетот на цивилизацијата во конинуитет, од кога светот се гледа низ призмата на единствена геостратешка целина. Тие нужно се поклопуваат со географските експанзии на цивлизациите, но се планираат во одност на природнте препреки кои треба да бидат овладани. Геополитичката еорија и пракса на Балканот се сместени во јазол од стратешки коридори од првостепен интерес на сите важни играчи, а цената на неразбирањето на непроменливите законитости на геополитиката сега ги плаќа Македонија. Со самото тоа, одговорот на македонската криза се наоѓа во многу поширок опсег отколку што тоа внатреполитичките судири помеѓу власта и опозицијата во нефункционалната балканска држава.

ПРОБИВ НА ТАЛАСОКРАТСКИОТ ОБРАЧ
Опасна илузија е дека поместувањето на динамиката на економски и политички односи кон Исток, европскиот континент го потисна на маргините на геостратешките преигрувања. Базичната цел на експанзијата на кинеското влијание кон Западот преку проектот „Еден појас – еден пат“ е заобиколување на морксата „блокада“, која ја приреди таласократската цивилизација. Нејзиното поврзување со Русија на различни нивоа на соработка ги креира и клучните правци кои имаат задача таласократското окружување на морињата да го направат бескорисно. Арматурата која цврсто ќе го држи евроазискиот пол на историска површина веќе се постоечките магистрални правци преку Украина, Белорусија, Северен ток, како и проектите кои тек треба да заживеат – споменатиот Еден појас-еден пат, Јужен/Турски тек, Северен тек/2, гасоводот Силата на Сибир, Алтајскиот гасовод и други.

Сепак, координираниот кинеско-руски обид да ја испратат Спајкмановата геополитичка теорија на буништето на историјата, атлантизмот се спротивставува со периодично оживување на замрзнати конфликти, обоени револуции и планирање на проекти кои би ги исфрлиле новонастанатите конкуренти од играта на подолг рок. И понатаму важечката Волфовицоа доктрина има задача да го спречи обновувањето на адекватен ривал во атлантизмот на просторот на Евроазија, а кој би бил клучен политички и економски фактор за обединување и проекција на влијанието надвор од најблиското соседство. По дефинитивното одбивање на партнерството на равноправни основи од страна на атлантизмот, Русија се сврти кон руско-кинеските врзувачки проекти, со цел во потполност да го елиминира векторот кој ја чини зависна од Западот.

Имајќи во предвид дека Кисинџеровата тактика, втемелена во принципот „подели па владеј“ не даде резултати, мора да се зајакне притисокот и да се запре геостратешката експанзија на руско-кинескиот пол. Поради тоа во истиот контекст може да се гледа и на крвавиот судир во Сирија, пучот во Турција, замрзнатиот конфликт во Украина, но и обидот за рушење на Македонија. Американските атлантистички и германски континенталистички интереси се поклопуваат во реализација на единствената цел – југоистокот на Европа да се остави без контакт со евроазискиот коридор, како по 2019 година, кога е планирано и прекинувањето на транспортот на гас преку Украина, да се замени со снабдување од континентален правец под контрола на Германија, преку гасоводот Опал, и понатаму кон југ. На тој начин во корен би се отсекла енергетската сувереност на Балканот сфатено во пошрока смисла, и би се остварила негова подреденост на континенталниот вектор. Гасоводот Баку-Тбилиси-Џејхан, неуспешниот проект Набуко, како и амбициозната американска замисла која подразбира ЛНГ терминал на Крка во Хрватска имаат иста функција, само од американската атлантистичка кујна.

Поради тоа, атлантизмот во посреден интерес на континентализмот пали пожари долж оската на координирана експанзија на евроазиската цивилизација, а први страдаат режими на геополитички чувствителни подрачја кои пробуваат да спроведат некаква суверена одлука непосредно во интерес на народот на таа земја, а непосредно против интересите на атлантизмот и неговите сателити.

ВАРДАРСКАТА ДОЛИНА КАКО КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ
Изместувањето од регионалните рамки и ставањето на проблемите во планетарен контекст помага во разбирањето на комплексната задача, во која Македонија е само една од фигурите со која може да биде повлечен важен потег. Процесот на растурање на македонскиот политички систем преку креирањето на афери со прислушкувани разговори на владини функционери. Со логиката qui bono се доаѓа до заклучок дека позади тоа стојат западни разузнавачки структури, со цел предизвикување на внатремакедонски судир преку делегитимација на институциите по сценариото на обоените револуции.

Сепак, ова е само внатрешна рефлексија на играта која се одвива на далеку повисоко ниво. По елиминирањето на Бугарија како камен на аголот на гасоводниот правец, Јужен тек е ставен ad acta. Единствената рута за нов руски гасовод е преку просторите који ги контролураат релативно независни играчи и е можно преку Турција, Грција и понатаму преку Вардарско-Моравската долина кон централна Европа. Продолжувањето на процесот започнат со Охридскиот рамковендоговор би можел во подобра варијанта по Македонија да резултриа со продолжување на истиот процес и понатамошна парализа на институциите, додека во апокалиптично сценарио земјата ќе влезе во вооружен конфликт по кој ќе следи и далеку потврдо сценарио како во постконфликтен протекторат, веројатно по босанскиот модел. И едното и другото сценарио се во интерес на западниот фактор, што го наметнува заклучокот дека мирот и постоечкиот поредок во Македонија претставуваат последна линија на одбрана на нејзината сувереност. Албанците сакаат да го унапредат моделот во кој само партиципираат во власа во модел во кој ќе претставуваат конститутивен народ и de facto рамковен конфедерален систем. Конечната (кон)федерација на Македонија суштински креира „безбедносна кочница“ во случај недоволна кооперативност на Скопје. Рушењето на суверенистичкиот коридор во долината која го поврзува Егејскиот басен со централна Европа се убиваат две муви одеднаш – се засилува албанскиот фактор, кој во континуитет е поддржан од Западот, и се оневозможуваат стратешкте проекти на конкурентниот геополитички пол.

Ваквото разбирање на далеку повисоко ниво на геостратешка важност на Македонија што објективните показатели го говорат, потекнува уште од Бизмарк и Никола Пашиќ. Тоа произлегува од геостратешкиот судир за контрола на виталниот балкански правец кој води низ долината на реката Вардар, која е најповолниот коридор предвиден за изградба на проектот Еден појас – еден пат и гасоводот Турски тек. ПОради тоа е можно да се направи и злокобна паралела помеѓу Македонија и Сирија – двете држави имаат функција на „воздушно перниче“, кој има задача да ја амортизира атлантистичката експанзија во нејзини рамки и истовремено да се оневозможат стратшките врзувачки проекти на местото кое е најслаба тачка во целосната архитектура.

Причината за уништување на Македонија и Сирија лежи во истиот корен – двете држави се најслабата алка во противничките транснационални врзувачки проекти. Реализацијата на проектите од цивилизациско значење со упориште во евроазиската конструкција во појавувањето, значи неповратен процес на топење на атлантистичката архитектура. Со тоа кинеското и руското глобално водство базиранона економски равој и мирна коегзистенција доаѓаат пред најсериозен испипт. И покрај замолчувањето на тероитичарите, геополитиката не е мртва. Таа е поактуелна од било кога и игра клучна улога во расплетот кој следи. Еволуцијата од еднополарен кон недвосмислено мултиполарен свет ќе биде полна со препрек, а некои пиони во таа игра ќе мораат да се жртвуваат. Атлантизмот има иницијатива, сега се на потег ривалите.

Иван Ристиќ
„Конрад Аденауер“

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This