дома Македонија МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ АМБАСАДА: По избрзаниот потег на МНР за...

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ АМБАСАДА: По избрзаниот потег на МНР за протерување на руски дипломат, Македонија може да остане без амбасада во Русија!

Македонија ризикува да остане без свој дипломат во една од најмоќните држави во светот, Русија. Ситуацијата е сериозна бидејќи Македонија има само еден дипломат во македонската амбасада во Русија и доколку Русија спроведе реципрочна мерка на протерувањето на рускиот дипломат, нашата држава ќе остане бе единствениот вработен во амбасадата во Русија.

Единствен вработен во амбасадата во Москва со дипломатски статус е Гоце Карајанов дипломат од кариера од МНР, другите вработени не се професионални дипломати и немаат дипломатски статус.

Карајанов е единствен кој има пристап до системот за комуникации со Скопје кој има енкриптирана заштита, што дефакто значи дека македонската амбасада во Москва ќе биде затворена.

Македонија не само што ќе ја загуби амбасадата во Русија туку и во Белорусија, бидејќи Карајанов ја покрива и амбасадорската комуникација со Белорусија.