дома Спорт Македонија на дождот се „на остри“ за Гибралтар

Македонија на дождот се „на остри“ за Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација го одржа последниот тренинг пред мечот со Гибралтар, кој е последен од групната фаза од Лигата на нациите. Избраниците на Ангеловски важат за апсолутни фаворити, а со три бода против аутсајдерот на хартија, ќе се осигура првото место и воедно ќе се игра домашно полуфинале. Фудбалерите го одработеа официјалниот тренинг во дождливо време, а сите фудбалери што се на списокот на Ангеловски, тренираа во полна пареа. Дуелот се игра в понеделник од 20:45 часот на „Филип Втори“ Арената во Скопје.