дома КОВИД-19 (Коронавирус) Македонија на шесто место по бројот на починaти поради се високи дози...

Македонија на шесто место по бројот на починaти поради се високи дози на антибиотици, различни болнички протоколи, неискуство на персоналот

Високи дози на антибиотици, различни болнички протоколи, неискуство на персоналот во малите градови – се меѓу причините за се уште високата смртност од ковид-19 во земјава наведуваат дел од експертите во анализата на Сител.

На светската мапа за следење на состојбата, Македонија е на високото шесто место според бројот на починати на еден милион жители.. Од почеток на пандемијата, регистрирани се вкупно 5.230 смртни случаи.

Микробиологот Никола Пановски, вели дека досега никој не ги анализирал причините за високата смртност. Се сомнева дека пациентите биле предозирани со лекови.

Матичните лекари велат дека терапијата за ковид била одредувана во зависност од состојбата на пациентот. Првиот човек на еснафското здружение тврди дека спасиле многу животи. Чолакова-Дервишова, како причина за високата смртност го посочува количеството кислород кој пациентите го добиваат за време на болничкото лекување.