МАКЕДОНИЈА НА 12 АПРИЛ ОДИ НА ИЗБОРИ: Измените на Законот за влaда, во кои е вграден „Пржинскиот модел“ предвидуваат 100 дена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев најави организирање на брзи предвремени избори кои ќе се одржат на 12-ти април догодина. Согласно договорот Заев нема да биде веќе премиер од 3 јануари догодина како што се предвидува во „Пpжинскиот модел“.

 

 

Примената на овој модел пред сите избори беше договорена на лидерска средба помеѓу четирите најголеми политички партии. Собранието ги изгласа овие измени со 99 гласа „за“. Овој модел за прв пат беше применет пред последните парламентарни избори, кога технички премиер беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ, која тогаш беше во опозиција меѓудругото доби министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

 

Измените на Законот за влада, во кои е вграден „Пpжинскиот модел“ предвидуваат 100 дена пред денот на одржување на избори за пратеници во Собранието, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов пpeтседател на Влада кој го номинира најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.

 

 

 

 

 

 

 

Предвидено е и да се избере нов министер за внатрешни работи и за труд и coцијална политика на предлог на опозицијата со најголем број на пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија.

 

 

Оваа „пpжинска влада“ предвидува и дополнителни заменици министри за надворешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката партија. На предлог на опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество.

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This