дома Актуелно МАКЕДОНИЈА ПРЕД РЕЦЕСИЈА: Меѓународните финансиски институции предупредуваат на опасност од рецесија, Заев...

МАКЕДОНИЈА ПРЕД РЕЦЕСИЈА: Меѓународните финансиски институции предупредуваат на опасност од рецесија, Заев и владата се прават слепи!

Извештајот на „Finance Think“ покажува дека растот на економијата е замрзнат и сите параметри укажуваат на надолен тренд. Паднаа извозот, странските инвестиии, индустриското производство, просечните плати, се топат и девизните резерви. До крајот на годината можни се отпуштања на работници од странските инвестиции.

Економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година се намали за 1.8 отсто споредено со истиот квартал од 2016година. Во поголем дел од овој период, економијата остана „замрзната“: домашните инвеститори речиси целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси и немаше, проценува „Finance Think“ во најновата анализа.

Поради овој тренд „Finance Think“ ја ревидира надолу проекцијата за растот на БДП за годинава на 0.8 отсто, одразувајќи го ризикот околу брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.

Бруто инвестициите се намалија за 19,9%. Истовремено, во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо. Градежништвото се намали за 17,3%.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработност забележа понатамошно благо намалување за 0,3 процентни поени, до 22,6%, кое главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

 Дека економијата тоне, а бројките се загрижувачки, предупредуваат и експерти кои велат дека новата влада со сегашните мерки може да ја однесе Македонија во рецесија. Најавата на странски инвеститор кој капиталот планирал да го вложи во Македонија, сега ќе го пресели во Србија и дека ќе ја затвори веќе постоечката фабрика во земјава, но и најавата на 3 големи странски компании дека ќе ја напуштат Македонија а со тоа да се укинат околу 2000 работни места, според ВМРО ДПМНЕ е знак на несериозност и непознавање на целиот процес за водење странски инвестиции.
Според нив тоа е процес кој бара многу анализи, а токму испраќањето на лоши сигнали од страна на Новата Влада ќе придонесе светските инвеститори да ја тргнат Македонија од својата инвестициска мапа.

СДСМ ја води државата кон економски крах и ја турка кон банкрот

Владата на СДС со лошата економска политика ја води државата кон економски крах, забрзано туркајќи не кон банкрот, истакнува Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Неодговорното работење на СДС и расипништвото при  управувањето со државната каса, почнува да се одразува врз граѓаните и врз нормалното функционирање на единиците на локалната самоуправа.        Владата на СДС минатиот месец без образложение и без легитимен основ на повеќето општини во Република Македонија им скрати од парите кои има законска обврска да ги трансферира на сметка на единиците на локална самоуправа на име на дотации врз основа на ДДВ. Владата без образложение и надвор од закон скрати 8% од парите наменети на општините Велес, Вевчани и Зелениково, 7.4% за Кочани, 6.6% за Василево. Владата префрлила 7% помалку средства на општините Делчево, Македонски Брод и Крива Паланка, 5% помалку на Маврово Анови, 6% на Чешиново Облешево, дури 16% помалку на Карбинци, додека на Пехчево му скрати 5.88%, 6.5% на Петровец, а  на  Македонска Каменица 7.5%. Владата на СДС префрлила помалку средства и кон општините: Демир Капија, Босилово, Новаци, Дојран, Гази Баба, Неготино, Пробиштип, Штип, Чашка и Илинден, истакна таа.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите кратења на средствата кои владата има законска обврска да ги трансферира на име на општините, со цел прикривање на буџетската дупка, која СДС забрзано ја создава со се поголемото задолжување на државата.

-Имено за само 100 дена, СДС не задолжи за енормни 170 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 170 милиони евра. Тоа се над 340 милиони  евра задолжени без основ, за кои граѓаните немаат објаснување на што биле потрошени. Тоа се 340 милиони евра кои треба да ги враќаме сите ние и нашите деца, а за кои не знаеме на што биле потрошени. Парите кои владата има обврска да ги префрли на општините не се и не смее да бидат средство за крпење на буџетската дупка која заради расипништвото на СДС е се поголема. Финансирањето на општините е регулирано со закон и СДС не смее да се обиде да го прекрши истиот. Граѓаните го гледаат ваквиот неодговорен и расипнички однос на СДС, и токму затоа на 15-ти октомври ќе го казнат СДС, заклучи Лашкоска.