дома Балкан МАКЕДОНИЈА САМА СИ ПРЕДИЗВИКА НЕСТАБИЛНОСТ НА ГРАНИЦАТА: Доцна е сега за „пу-пу...

МАКЕДОНИЈА САМА СИ ПРЕДИЗВИКА НЕСТАБИЛНОСТ НА ГРАНИЦАТА: Доцна е сега за „пу-пу не важи“ – сами си го признавте Косово!

“Кој може да го оспорти правото на Србија да се бори за своите национални и државни интереси. Ако тие велат дека треба да има договор, тоа е договор, а ако тие велат дека Србија треба да го признае Косово, тоа не е договор, тоа е ултиматум за Србија и никогаш нема да прифати “, рече Дачиќ за Танјуг.

Србија, потврди тој, е за согласност, но тоа не е нашата слабост.

“Тоа што ние се залагаме за договор, не значи дека сме слаби. Србија ги брани само нејзините интереси и позиции, а оние кои го признаа Косово немаат морално или било какво право да зборуваат за принципот на непроменливоста на граница”, рече Дачиќ.

Затоа, вели тој, на министерскиот состанок во средата во Бања Лука постојано морав повеќе пати жестоко да реагирам на дискусијата на претставници од некои соседни земји, кои од самиот почеток на дебата не нападнаа поради идејата за демаркација, изјави Дачиќ

Оценувајќи дека станува збор за лицемерност од тие земји, Дачиќ додаде дека некој кој го признал Косово не му дава тоа за право да дискутира и кажува дали Косово треба да ги задри постоечките граници или да ги менува.

Кога некои земји донесоа одлука за признавање на независноста на Косово, границите на Косово не постоеја, и тогаш како и сега постоеше само административна линија, рече Дачиќ.

“Косово не е член на ниту ОН, ниту на ОБСЕ ниту пак на Еу. Косово во европските документи се води како територија, а не држава, ратификацијата на ЕУ потпишана со Косово не е иста како ратификацијата на Србија,  исто така и  либерализација на визниот режим е донесена за територијата на Косово, не за држава” ,  беше јасен шефот на српската дипломатија.

Затоа, истакна тој, дека договорот помеѓу  Белград и Приштина е “наш билатерален договор” кој не се однесува и не засега никој друг.

“Во таа смисла, немаме намера ги трпиме лицемерните ставови на земјите што го признаа Косово”, рече Дачиќ, додавајќи дека од неговата хрватска колешка, Марија Буриќ побара да му пренесе на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека таа приказна за Бадинтер и Бадинтеровата комисија е банална и невистинита.

Ставот на Комисијата на Бадентер, што е (1991) се занимаваше со границите на републиките на поранешна Југославија беше дека поранешна Југославија треба да се распадне по републичките граници, граници кои територија или покраината Косово или било која друга пораина не била спомената.

Дополнително, Бадентеровата комисија наложува дека промена на републички граници може да има ако се постигне меѓурепублички договор. Затоа изјави од типот, непроменливи граници во процес на преговори за граници е непринципиелен и лицемерен.

Тој, исто така, го спомна примерот на Бугарија, премиерот Бојко Борисов, чии став минатата недела на состанокот на министри во Виена исто така беше остaр за ова прашање. Но откако на трилатералната средба со Ципрас и Вучиќ на кој присуствувавме и јас , Коѕијас и Захарова, беа презентирани деталите околу пристапот и овластувањата по кои се води српската страна, Бугарија и Борисов се повлекоа и го прифатија нашиот став.

Тој потврди дека било какво мешање од страната врз договорот помеѓу Белград и Приштина е апсолутно несоодветно.

“Србија е посветена на договор со Приштина и нема да дозволиме некој да на понижува, особено не оние кои ја демолираа српската граница, каде што со признавањето на Косово сами си предизвикаа нестабилност на границите, и сега се на ставот„ пу пу неважи, не ни одговара“ рече Дачиќ, додавајќи дека ова важи и за Македонија, но и за некои други.

Тој не ја пропушти приликата да потсети дека Србија сите овие години, на сите меѓународни собири на Македонија секогаш и се обраќале со Република Македонија иако грчакат страна секогаш упатувала протестна нота кон нив.