дома Занимливости МАКЕДОНИЈА СЕПАК НА ПРВО МЕСТО: Евровизија ги корегираше поените – Македонија на...

МАКЕДОНИЈА СЕПАК НА ПРВО МЕСТО: Евровизија ги корегираше поените – Македонија на прво место според жирито, седмо на вкупен пласман

Не менува многу, но сепак на официјалната листа од пласманот на Евровизија 2019, Македонија се искачи едно место погор, Била направена гpeшка во гласовите на белоуското жири, која ЕБУ сега ја исправи и Тамара наместо осмото, го освои седмото место.

Со ваквата исправка Македонија е прва според гласовите на жирото.

Ова попладнево го објави Тамара, која добила известување од ЕБУ.

-Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради гpeшka во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, напиша Тамара.