дома КОВИД-19 (Коронавирус) Македонија сѐ уште нема протоколи за kopoнавирусот

Македонија сѐ уште нема протоколи за kopoнавирусот

Протоколи немаме се уште. Србија и Хрватска 7-8 пати ги надоградија до сега протоколите, а ние немаме протоколи. Тоа не значи дека луѓето не работат, колегите дека не работат по протоколи, се користат протоколи од СЗО, од европски земји. Меѓутоа ние како земја немаме сопствени протколи кои што би биле за примарно, секундарно и терцијално ниво, нагласи Ленче Нелоска при своеото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Нелоска додаде дека со соодветни протоколи пациентите ќе се под контрола, статистики реални ќе имаме за ситуацијата со КОВИД во Македонија.

„Сега вака во моментов ние сме цело време во приказна за транспарентност, цело време сме транспарентни, цело време има прес конференции, цело време има ПР некој што се гради за транспарентност, а во суштина апсолутно нема никаква транспарентност“, истакна Нелоска.

Нелоска посочи дека вака без протоколи здравствениот систем во Македонија е неупотреблив, нема проодност за пациентите, здравствените работници се ставени меѓу чеканот и ковалната за да одговорат на потребите на пациентите.

„Ние се соочуваме со сериозна здравствена состојба, но што можете да направите кога ви се врзани рацете“, запраша Нелоска.