Македонија чeкa пpeпopaкa oд ЕМА зa вoвeдyвaњe тpeтa дoзa вakцинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неделава ќе бидат контактирани пациентите кои се на дијализа за да се почне со администрирањето на третата доза кај нив. Во меѓувреме, нема препорака за трета доза кај другите ризични категории со послаб имунитет.

Во Македонија, засега, трета доза вакцина против ковид-19 можат да примат само лицата кои се на дијализа и кои имаат трансплантиран орган. Националниот комитет за имунизација нема официјална препорака за ниеден друг граѓанин да прими трета бустер доза, иако некои научни студии покажуваат дека третата доза го зголемува имунитетот кој после вакцинацијата за неколку месеци опаѓа.

– Се уште траат испитувањата за тоа каков ефект има третата доза врз создавање на отпор кон коронавирусот. Американската агенција за храна и лекови (ФДА) има дадено препорака за трета доза на „Фајзер“ вакцина кај имунокомпромитирани пациенти, како и пациенти коишто се трансплантирани или пациенти коишто се на хронична дијализа. Европската агенција за лекови (ЕМА), се уште ја нема дадено таа препорака. Ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии. Тоа што во овој момент го знаеме е дека трета, бустер доза со производителот „Фајзер“, значајно ја зголемува ефикасноста, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.

Неделава ќе бидат контактирани пациентите кои се на дијализа за да се почне со администрирањето на третата доза кај нив. Во меѓувреме, нема препорака за трета доза кај другите ризични категории со послаб имунитет.

Оние кои се вакцинирани во февруари и март, меѓу кои се и здравствените работници, треба да се вакцинираат со трета доза, вели професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски.

Додека земјава чека официјални препораки, регионот почна да администрира бустер доза за оние вакцинирани на почетокот од вакцинацијата. Националниот комитет за имунизација на Србија препорача трета доза. Хрватска планира да испитува колку антитела се создале кај повозрасните категории кои меѓу првите се вакцинираа, па да одлучи дали ќе вакцинира со трета доза. Официјалните студии покажуваат дека антителата опаѓаат после шест до девет месеци од вакцинацијата или прележувањето на ковид, па затоа се воведува и дополнителна заштита. Германија планира да одобри трета доза на есен.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека дека со фајзеровата вакцина значајно се зголемува ефикасноста кон сите соеви на вирусот, и кон алфа, бета и делта сојот. Третата вакцина, односно бустер дозата, американските власти препорачуваат да биде исклучиво од „Фајзер“ или од „Модерна“, бидејќи само овие производители имаат мРНК вакцини.

Во Македонија никој нема примено трета доза, зашто не се поминати шест месеци од ревакцината.

– Тоа што кај некои луѓе се губи количината на детектирани антитела, не значи дека немаат имунитет. Анализите покажуваат дека бустер дозата ги зголемува антителата во количини, што значи дека веќе од претходните примени дози е создаден имунитетот и организмот реагира и се брани, рече Филипче.

Сите граѓани што се вакцинирани во странство, откако ќе го приложат валидниот сертификат дека се имунизирани во друга држава, ќе бидат регистрирани за трета доза, што значи дека ќе може да ја примат кај нас и да добијат македонски валиден сертификат.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД препорачува за американските граѓани со средно до многу имунокомпромитиран систем, да примат трета доза вакцина 28 дена после втората доза и тоа од „Фајзер“. Причината е во тоа што тие не развиваат исто ниво на имунитет од двете дози, споредено со луѓето што имаат добар имунитет. Студиите објавени на веб страницата на центарот покажуваат дека тие што се хоспитализирани, а примиле две дози,  се главно имунокомпромитирани пациенти. САД препорачува трета доза за пациенти со канцер, оние на кои им бил трансплантиран орган или матични клетки, ХИВ позитивни, или оние кои се на високи дози кортикостероиди.

Извор: slobodenpecat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This