МАКЕДОНИЈА ШПИOНCKO ДУВЛО НА БАЛКАНОТ: Бројот на соработници на странски служби кои ги испративме во НАТО вртоглаво рaсте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедносните сертификати сѐ уште се во фокусот на внимание и на јавноста и на безбедносната фела. Бројните пропусти при вршењето на безбедносните проверки од страна на АНБ и Военото разузнавање, за кои и претходно се зборуваше во јавноста и имаше предупредувања од голем број безбедносни експерти и практичари, се чини својот зенит го постигнаа токму со последниве случувања кога на неколку наврати безбедносните служби на НАТО, недвосмислено покажаа сомнеж и недоверба кон квалитетот и епилогот на безбедносните проверки.

Со враќањето на нашите претставници, и неиздавањето на НАТО безбедносни сертификати, службите на НАТО тотално го делегитимираа процесот на издавање на безбедносни сертификати во Република Македонија.

Неодговорноста на министерката за одбрана како и на претседателот ги критикуваше и Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој во неколку наврати побара објаснување, но и одговороност за несовесното работење.

-Со неодговарањето на поставените прашања од нашите прес конференции, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат. На сите им е јасно дека проблемот за враќањето на кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта. И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте – добиле НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа. Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции, истакнува тој.

Ковачки додаде дека постои огромен сомнеж, а последните два примери се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не.

-Ќе ве потсетам на примерот кога за само 5 дена му издадоа сертификат за пристап до Државна тајна на новинар близок до ставовите на СДСМ. Од друга страна, лица кои ги исполнуваат условите за добивање на безбедносни сертификати во Република Македонија, се подложни на одбивање, само затоа што се политички неподобни. Значи, процесот на ветинг, односно безбедносна проверка, наместо да биде во функција на државата и спроведуван од институции предводени од професионалци, се користи за партиска пресметка со неистомислениците и неподобните.

Ковачки посочи дека Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедноста.

Шекеринска, во обид да ја оправда својата неспособност, изјави дека секоја држава која станала членка на НАТО минувала низ истиот процес, и секаде одреден број нивни армиски припадници, не само на нивните структури туку и на цивилните структури не успевале да добијат НАТО сертификат.

„Тоа е затоа што кога ќе станете земја членка имате пристап до голем број на информации, и Алијансата е многу внимателна, рече денеска на прес-конференција министерката за одбрана“, изјави Радмила Шекеринска.

Претседателот Пендаровски во интервју за МИА изјави дека бројката на одбиени лица ќе расте и очекува таа да биде некаде околу 15.

„Можеби ќе има уште неколку, меѓутоа јас не очекувам дека тие ќе бидат повеќе од дузина, 10-15 максимум“, нагласува претседателот во интервјуто за МИА

Според неофицијални информации пак, досега шет лица биле одбиени од НАТО, а главната причина за ваквиот строг филтер на НАТО се сомневањата за контакти на овие лица со претставници на службите на други земји. Значи, високи офицери имале контакт со странски служби, а надлежните не биле свесни што им се случува пред нос. Прашање е како овие лица ја изградиле својата кариера и стигнале до високи функции во Армијата на Република Македонија, и како толку време поминале во структурите на институција од суштинско значење за безбедноста на нашата земја.

Според министерката, пак, не е во ред ова прашање да се политизира заради луѓе кои минале големи кариери, но и за нашиот имиџ како земја членка на НАТО.

„Не е во ред ова прашање да се политизира заради луѓе кои минале големи кариери, но и за нашиот имиџ како земја членка на НАТО. Затоа се прави процесот на сертификација, затоа што секогаш дополнителна контрола треба да направиме, бидејќи имаме веќе пристап до податоци, информации и документи за кои никогаш не сме имале пристап во својата историја“, рече Шекеринска.

Ваквата изјава на министерката, односно обидот нејзината неспособност и неспособноста на лицата кои таа директно ги поставила на позиции кои се клучни при вршење безбедносни проверки, да ја сокрие позади политичка чувствителност на процесот е многу проѕирна и крајно неодговорна. Токму таа на висока позиција во Военото разузнавање постави лица со сомнителен безбедносна позадина, и цврсто стоеше зад тој свој став, и покрај силните критики од опозицијата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This